24фудбал

Меси се извини, ПСЖ размислува да му прости

Лео Меси се огласи на социјалните мрежи и се извини за патувањето во Саудиска Арабија, се говори дека ПСЖ размислува да му прости и да го врати Аргентинецот во тимот.

Франција

Лео Меси креираше бура откако на почетокот од неделата отпатува во Саудиска Арабија без дозвола на ПСЖ. „Светците“ решија да го суспендираат на 15 дена, односно нема да игра на натпревари и нема да добива плата во овој период.

Аргентинецот попладнево се огласи на социјалните мрежи и се извини за потегот кој го повлече.

„Сакам да им се извинам на соиграчите и клубот. Искрено мислев дека ќе добиеме слободно време по натпреварот. Го имав организирано ова патување во Саудиска Арабија, претходно го одложив, но сега не можев да го сторам тоа. Повторувам, сакам да се извинам за тоа што го направиви и ќе ја прифатам одлуката на клубот“ – порача Лео Меси.

Се шпекулира дека ПСЖ сега размислува да му прости на Лео Меси, да му дозволи да се врати во тимот и напаѓачот да настапи веќе во недела против Троја.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.