24фудбал

ПСЖ ги осуди навивачите кои ги навредуваа Меси и Нејмар (ВИДЕО)

Дел од навивачите на ПСЖ синоќа се собраа и упатија навреди кон Меси и Нејмар барајќи двајцата да го напуштат клубот.

Франција

Фановите на францускиот клуб во голем број беа пред клупските простории, но и пред куќата на Нејмар.

ПСЖ ги осуди нивните реакции и им даде поддршка на фудбалерите.

„ПСЖ најостро ги осудува навредливите постапки на мала група поединци, кои се случија пред просториите на клубот. Без оглед на разликите, ништо не може да оправда такви дела. Клубот дава максимална поддршка на своите фудбалери“, соопшти францускиот гигант.



Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.