24фудбал

ПСЖ плаќал ботови да пишуваат убаво за нив по социјалните мрежи!

ПСЖ завршува уште една хаотична сезона, трофејот од Лигата на шампионите не е освоен, навивачите се свртеа против Меси и Нејмар, а сега излезе вест дека клубот плаќал ботови и инфлуенсери да пишуваат убаво за нив по социјалните мрежи.

Франција

ПСЖ директно од клупската каса или од компании блиски до клубот плаќал луѓе со сума од 1.000 евра по натпревар да пишуваат убави работи за клубот и организацијата.

Се чини дека ваквиот стил на водење на клубот е пракса во Катар и сличните земји бидејќи беше откриено дека со иста тактика се служеа и за Мундијалот. Тогаш беше откриено дека Катарците плаќале огромна сума на пари на разни инфлуенсери, тиктокери и јутубери за да шират „розова слика“ за државата во ек кога од сите страни арапската држава беше напаѓана за прекршување на човековите права.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.