24фудбал

Однесувањето на Меси ги шокирало сите во ПСЖ, сам си земал слободни денови кои не ги заслужил

„Л'Екип“ објавува подетални информации за случајот со Лео Меси во ПСЖ, кој во францускиот тим дојде како мега засилување, а ќе има лоша разделба.

Франција

Францускиот медиум пишува дека во ПСЖ сите биле шокирани кога дознале дека Меси заминал во Садудиска Арабија без да побара дозвола од клубот.

Аргентинецот не му кажал ниту на тренерот Кристоф Галтие ниту на директорот Луис Кампос.

На фудбалерите на ПСЖ им бил ветен одмор од два дена доколку го победат Лориент, но тие го загубија тој натпревар со 3-1.

Меси имал закажано патување во Саудиска Арабија со семејството рачунајќи си ги тие два слободни дена. По поразот му станало јасно дека нема да добијат краток одмор од клубот, но и покрај тоа тој решил да си го оствари планираното патување.

Во ПСЖ кога виделе дека Меси не е на тренинг, само го констатирале неговото отсуство, а потоа клубот му врачи суспензија од две недели.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.