24фудбал

Меси и ПСЖ дефинитивно се разделуваат

Лео Меси нема да го продолжи договорот со ПСЖ, ако претходо имаше некаква дилема, работите се разјаснија по суспензијата која ја доби од клубот.

Франција

ПСЖ синоќа му врачи двенеделна суспензија на Лео Меси. Во тој период Аргентинецот нема да добива плата, нема да игра натпревари, но нема и да тренира со првиот тим.

Меси веќе со недели преговара со Барселона за негово враќање на Камп Ноу, Аргентинецот не е заинтересиран за продолжување на соработката со ПСЖ, а тоа може да се види и од неговиот однос со клубот откако без да побара дозвола замина на прошетка во Саудиска Арабија.

Нејасно е само дали Меси веќе го одигра последниот меч за ПСЖ или ќе добие шанса да заигра и на некој од последните натпревари од сезоната.

Прва опција за Меси е враќање во Барселона, тоа може да не се случи само доколку клубот поради проблеми со финансискиот фер плеј нема да може да го регистрира, но раководството ќе даде се од себе да направи простор за враќање на Аргентинецот.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.