24фудбал

Судијата кој го оштети Дортмунд: Се чувствувам како го*но, направив грешка! (ВИДЕО)

Во таборот на Борусија Дортмунд беа бесни на судијата Саша Штегеман кој не досуди чист пенал на мечот против Бохум кој заврши 1-1, сега тој се кае, но неговата одлука може да биде одлучувачка за титулата.

Германија

Борусија Дортмунд и Баерн Минхен водат жестока битка за титулата во Бундеслигата, па грешката на Штегеман може реши кој ќе биде шампион на Германија.

Судијата беше горд за да ја погледне снимката, а сега се извинува, но тоа не може многу да ѝ помогне на Борусија.

„Лут сум и бесен, се чувствувам како го*но. Кога повторно ја видов ситуацијата, сфатив дека има пенал за Адејеми, но за жал тоа не го видов на теренот. Сега кога ги гледам снимките, можам да кажам дека направив грешка. Дортмунд требаше да добие пенал“, кажа Штегеман.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.