24фудбал

Љубовта кон Дортмунд му е поважна од милионите на Арапите, капитенот Ројс останува!

Марко Ројс останува верен на Борусија Дортмунд, капитенот попладнево стави потпис на нов едногодишен договор и се обврза кон „милионерите“ до јуни 2024.

Германија

Марко Ројс имаше понуда да му се приклучи на Кристијано Роналдо во Ал Наср и да заработува по 20 милиони евра годишно, но очигледно љубовта кон Борусија Дортмунд му е поважна од милионите на Арапите.

Германецот попладнево стави потпис на нов договор и се обврза кон „милионерите“ до јуни 2024 година.

„За мене нема ништо поубаво од тоа да постигнувам голови пред најдобрите навивачи во светот и на најубавиот стадион во светот, и заедно да славиме победи. Па затоа сум среќен што го продолжив договорот. Како што кажав и претходно, Борусија Дортмунд не би ја менувал за ниту еден друг клуб“ - вели капитенот Марко Ројс.

Според пишувањата на Билд, Марко Ројс прифатил значително помала плата и во иднина ќе заработува околу 7 милиони евра сосе бонуси (во моментов заработува околу 12 милиони евра).


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.