24фудбал

Што и да се случи во Бундеслигата, Баерн Минхен нема да го брка Тухел

Раководството на Баерн Минхен долгорочните планови ги кова со Томас Тухел, тој ќе остане да го води тимот и доколку не успее да ја освои Бундеслигата.

Германија

Според многумина, Баерн Минхен направи грешка кога го избрка Нагелсман, а на негово место го донесе Тухел.

Откако тој седна на клупата Баерн Минхен испадна од Купот на Германија, од Лигата на шампионите и падна на второто место во Бундеслигата.

Но, Фабрицио Романо тврди дека без разлика што ќе се случи во Бундеслигата, Баерн Минхен нема да го избрка Томас Тухел.

Летниот преоден рок ќе биде планиран со него, тогаш ќе биде означен и почеток на новиот проект. Приоритет на пазарот ќе биде ангажман на напаѓач.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.