24фудбал

Баерн Минхен реди неуспеси, пораз од Мајнц во Бундеслигата (ВИДЕО)

Тухел во Баерн Минхен пристигна за да го крене тимот, но не само што не успеа во тоа, се чини дека Баварците под негово водство бележат уште полоши резултати.

Германија

Денеска загубија на гостувањето кај Мајнц со 3-1. Водеа во првото полувреме, но капитулираа во вториот дел.

Мане погоди во 16. минута, но неговиот гол беше поништен поради офсајд, сепак 13 минути подоцна даде регуларен погодок за водство од 1-0.

Во вториот период следуваше шокантен период за Баварците кој траеше 14 минути. Ајорке во 65. минута израмни на 1-1, во 73. минута Бареиро погоди за комплетне пресврт и водство на Мајнц од 2-1, а конечните 3-1 беа дело на Мартин шест минути подоцна.

Најубедливата победа денеска во Бундеслигата ја забележа Волфсбург кој со 5-1 победи на гостувањето кај Бохум.

Гостинскиот триумф забележа и Вердер кој со 4-2 ја совлада Херта, а победи и Келн на гости кај Хофенхајм со 3-1.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.