24фудбал

Тен Хаг: Немаме карактер, без тоа не се освојуваат трофеи

Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг има критики за своите фудбалери, смета дека не покажуваат доволно карактер, а така не може да се освојуваат трофеи.

Лига Европа

Манчестер јунајтед синоќа повторно ги разочара своите навивачи откако загуби со убедливи 3-0 на гостувањето кај Севиља и испадна од Лига Европа.

Фудбалерите на англискиот тим имаа очајна партија, полна со кардинални грешки, но Тен Хаг вели дека не е во прашање квалитетот, туку карактерот кој не го покажува Манчестер јунајтед.

„Севиља беше подобра, покажа поголема страст во секој поглед. Тешко е да признаеме, но тоа е, им честитам за победата“, вели Тен Хаг.

„Тоа ние што го прикажавме е неприфатливо. Мора да учиме од вакви натпревари, да ги почнуваме подобро, со поголема страст, со повеќе желба и смиреност кога топката е во нас. Кога први ќе добиеме удар мора да знаеме да се справиме со тоа и да се вратиме во мечот“.

„Не станува збор за фудбалско познавање, за фудбалски квалитети, туку станува збор за карактер, немавме доволно карактер. Се изневеривме самите себе, но ги изневеривме и фановите. Ако сакате да освојувате трофеи и да бидете успешни, мора да покажете карактер. Ние тоа го немавме“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.