24фудбал

Слот: Мурињо ми рече дека не треба да ги гледам само Наполи и Сити, туку и Рома

Тренерот на Феенорд, Арне Слот вели дека е задоволен од своите фудбалери и открива што му кажал Жозе Мурињо по мечот.

Лига Европа

Феенорд беше блиску до полуфинале, но Дибала со гол во 89. минута ги спречи, погоди за продолжение, а таму Рома постигна уште два гола.

„Домашната публика беше импресивна. Мурињо побара од 67.000 фанови да им се приклучат и тие го направија тоа. Затоа почитувам како мојот тим одигра и покрај жешката атмосфера. На крајот не беше доволно бидејќи Дибала постигна фантастичен гол, а во продолжението ние за разлика од нив не можевме да сметаме на енергијата на фановите“, рече Слот.

Пред мечевите Слот потенцираше дека ги гледа Манчестер Сити и Наполи бидејќи му се допаѓа нивната игра. Па по крајот на мечот Мурињо го пецнал на таа тема.

„Мурињо? Тој ми рече дека не треба да ги гледам само Наполи и Манчестер Сити, туку исто така би ми помогнало доколку гледам Рома како игра. Па, можеби е во право бидејќи мора да им се даде голем комплимент за тоа што го покажаа вечерва“.

„Знаеме колку е добар Мурињо во вадењето на лимитот на фудбалерите. Тимот се бори за него. Ако победите против овој Феенорд, мора да сте многу добар тим“.

Феенорд е убедливо најдобар тим во Холандија оваа сезона и наскоро ќе ја завери шампионската титула.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.