24фудбал

Мане ја доби најголемата казна во историјата на Баерн, ама за него тоа се „ситни“ пари

Медиумите од Германија пренесуваат дека Садио Мане ќе плати околу 350.000 евра за инцидентот по натпреварот против Манчестер Сити кога го удри Лерој Сане, сумата е најголема казна во историјата на Баерн.

Германија

Садио Мане физички го нападна Лерој Сане по поразот од 3-0 на „Етихад“ во Лигата на шампиони, па Баерн Минхен реагираше брзо за да ги смири страстите.

Сенегалецот беше суспендиран и го пропушти натпреварот против Хофенхајм, а ќе треба да плати и парична глоба.

Како што пренесуваат Спорт1 и Билд, станува збор за сума од 350.000 евра, односно најголемата казна во историјата на Баерн.

Сепак, ова се „ситни“ пари за Садио Мане, кој во Минхен заработува околу 2 милиони евра месечно, па со само една недела работа ќе ја плати глобата.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.