24фудбал

Мајсторски гол на Марсело, прослави и титула со Флуминенсе (ВИДЕО)

Некогашниот лев бек на Реал Мадрид и на бразилската репрезентација, Марсело, во мај ќе наполни 35 години, но покажа дека уште не е доцна да освојува титули, дури и да постигнува голови.

Јужна Америка

Тој беше стрелец на првиот погодок за Флуминенсе во победата со 4-1 против Фламенго, во финалето од Кариока шампионатот во Бразил. Иако и овде игра како лев бек, сепак неговата офанзивна природа ја задоволува со уфрлање во нападот, што може да се види од најинтересните моменти од синоќешното финале.


Марсело дојде во Флуминенсе на крајот на февруари оваа година, со што практично се врати во клубот во кој ја почна кариерата. Пред Флуминенсе, помина една полусезона во Олимпијакос, откако го напушти Реал Мадрид минатото лето.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.