24фудбал

Јувентус ја совлада Верона и со -15 бода сериозно тропа на топ 4 пласман (ВИДЕО)

Моизе Кин по втор пат оваа сезона ја матираше Верона и донесе победа на Јувентус од 1-0, „старата дама“ и со казната од -15 бода сериозно тропа на топ четири пласман.

Италија

Слично како и на првиот натпревар помеѓу Јувентус и Верона оваа сезона, „старата дама“ стигна до нова победа со еден гол постигнат од Моизе Кин во второто полувреме.

Вечерва во Торино, во 56. минута од натпреварот, напаѓачот доби топка од Локатели и ја затресе мрежата на противникот.

Со овој триумф, Јувентус сериозно тропа на топ 4 пласман и покрај казната од -15 бода, „старата дама“ има четири помалку од Милан и шест помалку од Интер.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.