24фудбал

Тухел тргна со победа над Борусија Дортмунд и го врати Баерн на врвот во Бундеслигата! (ВИДЕО)

Баерн Минхен со 4-2 го доби дербито против Борусија Дортмунд и се врати на чело на табелата, успешен старт на Томас Тухел на клупата на Баварците.

Германија

Тухел тргна со три бода и тоа на дерби против Борусија Дортмунд, Баерн Минхен беше фуриозен особено во првото полувреме кое го доби со 3-0.

Кобел во 13. минута си даде автогол, а потоа Милер даде два брзи гола за предност од 3-0.

По шест минути игра во второто полувреме Коман зголеми на 4-0, веќе беше јасно дека Дортмунд нема шанси.

Гостите сепак успеаа да се изборат за пристоен пораз. Џан од пенал погоди во 72. минута и Мален даде гол во 90. за конечни 4-2.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.