24фудбал

Клоп е бесен: Не им кажав ништо на фудбалерите, знаат што мислам!

Јирген Клоп е разочаран од изданието на своите фудбалери во дербито против Манчестер Сити, вели дека можеле да загубат и поубедливо.

Англија

Ливерпул загуби со 4-1 на гостувањето кај Манчестер Сити. Германецот е задоволен само од четворица свои фудбалери, за другите вели дека биле отсутни од натпреварот.

„Имавме среќа што Сити не беше убиствено расположен, ако беше така можеа да ни прават што сакаат, можеа да победат и поубедливо. Не знам како да објаснам“, вели Јирген Клоп по мечот.

„Немавме старт при ниту еден од четирите примени гола, тоа е неприфатливо. По мечот ништо не им кажав на момците, добро знаат што мислат. Ќе разговараме утре со ладни глави“.

„Од цел тим само четворица играа. Другите како да беа отсутни, како да беа на некое друго место, а не на натпреварот. За да можете да победите тука треба да имате 14-15 расположени фудбалери, ние имавме само четворица“.

Клоп не именуваше кои се тие четворица кои добија преодна оценка кај него.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.