24фудбал

Еспањол тоне кон зоната за испаѓање, четврти пораз по ред! (ВИДЕО)

Жирона со гол во 88. минута од пенал го победи Еспањол со 2-1, клубот од Барселона води тешка борба за опстанок во Ла Лига.

Шпанија

По мирното прво полувреме, Жирона поведе во 53. минута со гол на Мартинез, но во 74. минута Брајтвајт успеа да изедначи на 1-1.

Во 84. минута Еспањол остана со фудбалер помалку откако Гомез заработи црвен картон. Тоа го искористија домаќините и со гол на Стуани од пенал во 88. минута дојдоа до победа од 2-1.

Ова беше четврти пораз по ред за Еспањол, доколку Валенсија свој терен не загуби од Рајо Ваљекано, клубот од Барселона ќе влезе во зоната за испаѓање.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.