24фудбал

Официјално: Адеми е нов играч на Пекинг Гуан

Македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми денеска и официјално е промовиран како нов фудбалер на кинескиот клуб, Пекинг Гуан.

Македонија

Ангажманот на Адеми веќе некое време беше договорен, тој стави потпис на тригодишен договор според кој ќе заработува 1,65 милиони евра по сезона. Денеска беше само официјално објавен неговиот ангажман.

Новата сезона во кинеската Суперлига стартува кон средната на април.

Бројот 5 кој Адеми го носеше во Динамо Загреб е зафатен од Бразилецот Жозеф де Соуса, па нашиот фудбалер се одлучи за бројот 45.



Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.