24фудбал

Фергусон и Венгер се првите тренери кои влегоа во „Куќата на славни во Премиерлигата“

Легендарните тренери на Манчестер јунајтед односно Арсенал, Сер Алекс Фергусон и Арсен Венгер денеска беа промовирани во нови членови на „Куќата на славни во Премиерлигата“.

Англија

Тие се првите двајца тренери кои влегуваат во елитното друштво на Премиерлигата. Фергусон и Венгер оставија голем белег во англиската лига, заедно освоија 16 титули во Премиерлигата и создадоа едно од најпрепознатливите ривалства во фудбалот.

Сер Алекс Фергусон е најуспешниот тренер во историјата на Премиерлигата со рекордни 13 титули. Во два наврати трипати по ред беше шампион на Англија. Тој го водеше Јунајтед 21 сезона.

Арсен Венгер во Арсенал беше 22 сезони. Тој трипати ја освои Премиерлигата. А направи и нешто кое на никој друг не му успеало, во сезоната 2003/2004 ја освои титулата без ниту еден пораз.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.