24фудбал

Мирчевски сопирал возила при песочна бура, спречил поголема катастрофа! (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалер кој игра за ТСК Бачка Топола и уште четворица негови соиграчи се херои во голем верижен судир на северот на Србија во кој учествувале дури 12 возила меѓу кои имало и камион.

Останато

До несреќата дошло поради големиот ветер кој ја носел земјата од околните ниви, се создала песочна бура, па видливоста била минимална. За среќа нема загинати, има само потешко повредени кои биле префрлени во најблиските болници. 

Сообраќајката веројатно немала фатални последици и поради фактот што пет фудбалери од ТСК Бачка Топола спречиле поголема катастрофа.

При враќање од тренинг, петорицата фудбалери, пред нив го виделе страшниот поглед, брзо заклучиле дека опасноста се уште трае бидејќи доаѓаат други автомобили, а видливоста е очајна. Го паркирале своето возило, и излегле да ги стопираат автомобилите кои допрва требало да стигнат на местото на несреќата.

„Се враќавме од тренинг кога во близина на Суботица, од силината на ветерот се крена облак со прашина од земјата на нивите покрај патот, кој беше толку густ што ја намаливме брзината и за малку и ние не учествувавме во судирот. Низ тој облак од прашина се обидовме да се пробиеме на другата страна на патот кога камион налета на еден од автомобилите кои се наоѓаа среде патот. Тогаш се тргнавме од патот, се симнавме во каналот и се обидовме од другата страна каде беше повидливо. Од таму приметивме дека и други автомобили се приближуваат и не се свесни дека пред нив има судар. Истрчавме од автомобилот и почнавме да ги застануваме, пошто викнавме и брза помош, пожарна и полиција. Се вративме до местото на несреќата и ги прашувавме луѓето дали се добро и им кажавме дека наскоро ќе дојде брза помош“,

изјави за „Моцарт Спорт“ капитенот на ТСК Бачка Топола, Горан Антониќ.



Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.