24фудбал

Меси е првиот светски шампион кој постигнал 100 гола за репрезентација!

Аргентина синоќа го декласираше тимот на Курасао, Меси постигна хет-трик за едно полувреме, а дојде и до бројката од јубилејни 100 погодоци за својата репрезентација.

Јужна Америка

Меси го постигна својот 57. хет-трик во кариерата, но уште поважно дојде до јубилејниот 100. гол за Аргентина. 

Тој стана првиот фудбалер кој бил Светски шампион и ја надминал бројката од 100 голови за својата репрезентација. Уште едно уникатно достигнување за Аргентинецот.

Меси сега има 101 гол за репрезентација, Роналдо е далеку најдобар со 122 погодоци, меѓу нив е Али Даеи со 109.