24фудбал

Алвес во затвор дели автограми во замена за цигари!

39-годишната бразилска фудбалска ѕвезда, Дани Алвес е во притвор под обвинение дека силувал 23-годишна девојка во ноќен клуб во Барселона, информациите велат дека тој брзо се прилагодил за затворскиот живот.

Шпанија

„Ел Касо“ тврди дека во затворот Дани Алвес дели автограми, а за возврат добива цигари. Целиот процес го менаџира друг затвореник кој има пристап до сите делови од затворот.

Затвореникот со кој се спријателил Алвес, ги собира дресовите од другите затвореници кои што ги добиле од своите членови од семејствата и му ги дава на фудбалерот да ги потпише по што им ги враќа на затворениците. Тие за потписот од Алвес му враќаат со цигари.

Алвес во еден период одбиваше да јаде во затворот, падна во депресија откако го остави сопругата Јоана Санз.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.