24фудбал

Елмас: Кога играм за Македонија секогаш сум максимално мотивиран

Македонија утре со почеток од 18 часот ја пречекува селекцијата на Фарските острови во пријателски натпревар, Елмас вели дека секогаш игра со максимална мотивација без разлика кој е противникот и за каков меч станува збор.

Македонија

Македонија со победа над Малта од 2-1 ги започна квалификациите, а за зголемување на самодовербата би било убаво да го добиеме и мечот против Фарските острови со што би врзале две победи во оваа репрезентативна пауза.

„Сите ние во репрезентацијата секогаш кога доаѓаме го даваме најдоброто од нас, така ќе биде и утре со Фарски острови. Јас за Македонија секогаш сум максимално мотивиран. Тоа што е Наполи, тоа останува таму и во моментов е небитно, размислувам моментно само за Македонија. Јас секогаш гледам и се трудам да го дадам максимумот“, вели Елмас.

„Против Малта ни беше најважно да тргнеме со три бода и тоа го остваривме. Утре нѐ чека предизвик во кој ќе го дадеме максимумот, зашто знаеме дека Фарски острови имаат добра низа на резултати. Но, ќе излеземе на терен да го спроведеме тоа што ќе се договориме и тоа што ќе го бара селекторот од нас“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.