24фудбал

Франција ја прегази Холандија, Лукаку со хет-трик ја урна Шведска (ВИДЕО)

Франција со убедливи 4-0 ја победи Холандија во дербито на денот во квалификациите за ЕП 2024, Белгија со 3-0 славеше на гостувањето кај Шведска, Ромелу Лукаку ги даде сите три гола.

Останато

Дека на Холандија не ѝ се пишува добро беше најавено уште во втората минута кога по асистенција од Мбапе, Гризман погоди за водство на Франција од 1-0.

Само шест минути подоцна веќе беше 2-0, гол даде Упамекано. Во 21. минута погоди и Мбапе за убедливи 3-0. Тоа беше негов прв гол како капитен на Франција.

Но, тоа не беше се од него оваа вечер, го постигна и вториот гол, беше прецизен во 88. минута поставувајќи го конечниот резултат од 4-0.

Холандија во судиското продолжение имаше пенал, но Мањан му го одбрани шутот на Депај.

Ромелу Лукаку конечно проработе оваа сезона, даде три гола за Белгија на гостувањето кај Шведска за победа од 3-0 на неговата репрезентација. Еднаш погоди во првото полувреме и двапати во вториот дел.

И Србија тргна со победа во квалификациите, славеа со 2-0 против Литванија во Белград. Тадиќ и Влаховиќ беа стрелци на головите.

Следниот противник на Македонија, Фарските острови со кои во понеделник играме пријателски меч, одиграа 1-1 кај Молдавија.

Австрија со 4-1 го победи Азербејџан, Чешка со 3-1 беше подобра од Полска, Грција со 3-0 славеше гостинска победа кај Гибралтар.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.