24фудбал

Црна Гора победи во Бугарија (ВИДЕО)

Црна Гора со 1-0 ја победи Бугарија на нејзин терен и со три бода ги почна квалификациите за Европското првенство 2024.

Останато

Црногорците го добија балканскиот дуел против Бугарите. Единствениот гол беше постигнат во 70. минута кога Никола Крстовиќ со својот прв гол во сениорската селекција на Црна Гора ја донесе победата.

Колку што има заслуги Крстовиќ за победата, толку има и црногорската ѕвезда Савиќ кој во финишот од мечот исфрли еден шут на Бугарите од самата гол линија и го сочува водството од 1-0.