24фудбал

Официјално: Нагелсман доби отказ, Тухел е нов тренер на Баерн Минхен

Баерн Минхен и официјално го потврди она што го најавија медиумите, на Јулијан Нагелсман му врачи отказ, а го назначи Томас Тухел за нов тренер.

Германија

Најавите се остварија, тренерската смена во Баерн Минхен сега е и потврдена од германскиот гигант.

„Баерн Минхен го отпушти главниот тренер Јулијан Нагелсман. Одлуката беше донесена од извршниот директор Оливер Кан и членот на бордот за спорт Хасан Салихамиџиќ во консултација со претседателот на клубот Херберт Хаинер. Нагелсман ќе биде заменет од Томас Тухел. Тухел ќе добие договор до 30 јуни 2025 година и од понеделник ќе почне да го води тимот“, стои во соопштението на Баерн Минхен.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.