24фудбал

Трајковски: Би сакал да се вратам во Италија!

Македонскиот напаѓач, Александар Трајковски вели дека би сакал да се врати во италијанскиот фудбал откако ќе му истече договорот со Ал Фејха.

Македонија

Трајковски кој во минатото го носеше дресот на Палермо, е интересен за Италијаните и по тоа што ги елиминираше од баражот за Светското првенство кога му даде гол на Донарума. Во интервју за италијанските медиуми тој вели дека би се вратил во Италија.

„Дали би се вратил во Италија? Би сакал. Мојот договор со Ал Фејха завршува во јуни и ќе видиме какви понуди ќе пристигнат. Во меѓувреме добив понуди од Серија Б, но бидејќи сум од земја која не е во Европска унија, таа опција пропадна. Кога пропадна Палермо, имав опција да играм за Верона, но јас се решив за Мајорка“, вели Трајковски.

Трајковски зборуваше и за тоа кои му биле најтешки противници во Серија А.

„Кога бев во Италија видов многу талентирани млади фудбалери, но играв и против искусни дефанзивци. Бонучи, Барѕаљи и Кјелини ме импресионираа, мислам дека тие ми биле најтешки ривали. Се сеќавам кога се обидов да го лобувам Буфон и Барѕаљи ја спаси топката од гол-линија“, кажа македонскиот напаѓач.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.