Баерн Минхен реши да го отпушти Јулијан Нагелсман поради лошите резултати во Бундеслигата, но и лошиот однос со дел од фудбалерите на германскиот шампион, по што краток коментар даде Џошуа Кимих.
Категорија: Германија 24.03.2023 16:01
Кимих кажа дека е свесен за ситуацијата во германскиот тим, но смета дека Нагелсман е еден од најдобрите тренери со кои соработувал во неговата кариера.
„Свесен сум дека ова е главна тема во моментов, но не можам премногу да зборувам зашто клубот нема официјално соопштение. Можам да ви кажам дека Нагелсман е неверојатен тренер и тој е во топ-3 тренери со кои сум работел во кариерата“, кажа Кимих.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.