24фудбал

Причините за шокантниот отказ на Нагелсман

Баерн Минхен сосема неочекувано за јавноста се реши на трнерска смена, Јулијан Нагелсман добива отказ, а на негово место доаѓа Томас Тухел.

Германија

Баерн Минхен го елиминираше ПСЖ во Лигата на шампионите, а во Бундеслигата се бори со Борусија Дортмунд за трофејот. Резултатите не беа најидеални во германското првенство, но никој не очекуваше дека Нагелсман ќе биде отпуштен.

Сепак, како што и се претпоставуваше, резултатите не се главната причина за неговио отказ. Баерн Минхен нема пракса да отпушта тренери среде сезона. 

Германските медиуми набројуваат неколку причини за отказот на Нагелсман.

Ситуација кулминирала кога Нагелсман си заминал на скијање во Австрија, додека фудбалерите кои не заминаа на репрезентативна пауза тренираа под палката на неговите помошници.

Од одлуката на Нагелсман да оди на скијање додека клубот не бележи добри резултати во Бундеслигата, ги изненадила и фудбалерите и директорите во клубот.

Но тоа било само шлагот на тортата. Нагелсман ја загубил соблекувалната. Голем дел од фудбалерите не биле задоволни од тоа како ги менаџира работите во тимот. Ја загубил нивната доверба.

Претходно се скара и со Мануел Нојер, го избрка тренерот на голманите кои долги години беше во клубот. Нојер беше приврзан до тој тренер, па јавна беше преписката меѓу него и Нагелсман. Сите видоа дека капитенот и тренерот немаат добар однос.

Пред извесно време Нагелсман потенцираше дека има кртица во соблекувалната, некој кој ги издава неговите тактики. Што е уште еден доказ дека ги има загубено работите од контрола.

Се насобрале доволно негативни моменти поврзани со Нагелсман, па раководството на Баерн Минхен решило предвреме да ја прекине соработката со него и покрај тоа што ќе треба да му исплати голема отштета.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.