Медиумите од Германија пишуваат дека Јулијан Нагелсман ќе добие богата компензација за раскин на договорот, се шпекулира со сумата од 30 милиони евра, која ќе биде рекордна.
Категорија: Германија 24.03.2023 10:52
Изненадувачката одлука на Баерн Минхен да му врачи отказ на Јулијан Нагелсман и да го ангажира Томас Тухел е топ тема во фудбалска Германија.
За да го ангажира стратегот во 2021 година, „баварците“ платија рекордна отштета од 25 милиони евра, а Јулијан Нагелсман не издржа ниту две години на кормилото, па клубот од Алианц Арена ќе „изгори“ многу милиони.
Јулијан Нагелсман доби договор до 2026 година и убава плата од 8-10 милиони по сезона, па сега го чека и богата компензација.
Медиумите од Германија пишуваат дека во договорот на Јулијан Нагелсман имало клаузула со која се одредува компензацијата во случај на раскин на договорот, но таа станува активна само по крајот на сезоната 2022/23, па двете страни сега треба да седнат и да преговараат.
Се шпекулира дека Баерн Минхен може да потроши и преку 30 милиони евра за разделбата со Јулијан Нагелсман, што ќе преставува рекорд во светот на фудбалот.
Сепак, не се исклучува можноста Баерн Минхен да го задржи Јулијан Нагелсман на платен список и да почека стратегот да најде нов ангажман за да си подадат рака за пониска компензација.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.