Како во нивните најдобри денови, Кристијано Роналдо и Лео Меси синоќа постигнаа голови од слободен удар за своите репрезентации.
Категорија: Останато 24.03.2023 10:18
Роналдо даде два гола за Португалија која со 4-0 го совлада Лихтенштајн. Едниот од погодоците беше моќен шут од слободен удар.
Тој по 197 пат го облече дресот на Португалија со што стана играчот со најмногу репрезентативни настапи во светот.
Лео Меси со гол од слободен удар ја запечати победата од 2-0 против Панама. Тоа за него беше јубилеен 800. погодок во кариерата.
— Out Of Context Football (@nocontextfooty) March 24, 2023
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.