24фудбал

Барди: Секој натпревар е тежок, но заслужено ги освоивме трите бода

Македонската фудбалска репрезентација славеше на првиот меч во квалификациите за Европското првенство (ЕП) со 2-1 против Малта, а по натпреварот Енис Барди кажа дека сме ги заслужиле трите бода.

Македонија

Барди посочи дека во второто полувреме играле многу подобро, за разлика од првото и заслужено оствариле триумф.

„Мислам дека победивме заслужено. Секој натпревар е тежок затоа што противниците се силни и сакаат да нè запрат во намерата да освоиме три бода. Второто полувреме беше подобро затоа што шутиравме повеќе, за разлика од првото полувреме кога немавме завршница на некои акции. Многу сум среќен затоа што ги освоивме трите бода и го почнавме циклусот на квалификации со победа“, кажа Барди.

Македонскиот репрезентативец додаде дека ќе дадат сè од себе во сите натпревари кои следат.

„Јас реков и претходно дека ќе одиме чекор по чекор. Го поминавме првиот чекор и мислам дека секој од нас доаѓа тука со поинаков менталитет. Ќе даваме сè од себе на тие натпревари. Многу е потешко да се игра против Малта, која се брани постојано и чека контра-напади. Имаме многу силна група“, додаде Барди.

Барди смета дека Малта немала шанси за реми, иако во завршницата од мечот даде гол и теоретски се врати во игра.

„Нормално е во таква ситуација, кога ќе ви дадат гол, да почнат да прават и притисок, но јас не видов некоја чиста ситуација за 2-2. Имаше еден корнер, но не беше ризично. Сепак, ова е фудбал и треба да бидеме сконцентрирани до крајот“, вели македонскиот фудбалер.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.