24фудбал

Елмас: Најважно ми е Македонија да победува!

Македонскиот „дијамант“ Елиф Елмас го скрши отпорот на Малта со гол во триумфот со 2-1 за победнички старт на овој евроквалификациски циклус, па посочи дека секогаш тежок е првиот меч, но најважна е победата.

Македонија

Македонија повеќе од еден час се мачеше пред да го скрши отпорот на Малта за први три бода, враќање на победничкиот дух и самодовербата пред јунските предизвици со многу посилните ривали, Англија и Украина.

„Најважно е што победивме! Секогаш првиот меч е тежок и знаевме дека ќе биде тешко. Знаеше и Малта што ги очекува, но одиграа нивен фудбал, каков што ние не сме навикнати да гледаме од една таква мала земја. Сепак, за нас беше најважно да ги земеме трите бода и во тоа успеавме. Знаевме што значи да се почне со победа“, вели Елмас.

Фудбалерот на Наполи посочи дека не чувствува дека сите сѐ од него очекуваат, ниту му е важно кој дал гол, зашто предност секогаш има Македонија и победите.

„Не чувствувам дека сѐ на мене се чека, сепак ние сме тим, прво гледам на тимот, тимската игра, тимскиот дух и тој да е на највисоко ниво. За пенали не се караме, небитно е кој ќе шутне, кој ќе даде гол – за мене најбитно е Македонија да победи. Ние не треба да ги гледаме нашите противници, кој што направил, знаеме од каков калибар и какво топ ниво се, треба сами да се гледаме и да одиме од меч во меч. Така да небитно е како завршиле, наше е ние да се гледаме. Ова ни беше тежок меч и како прв најважен. Јас се надевам дека расположението ќе се врати, до кое ниво не знам, ама знам дека треба да сме сите сплотени, да бидеме едно и да го играме тоа што го знаеме. А, самодовербата е на прво ниво и се надевам дека ќе остане и понатаму“, додаде Елмас.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.