Селекцијата на Малта скапо си ја „продаде кожата“ на вечерашното гостувањево Скопје, откако на фаворизираната Македонија ѝ требаше долго време да го најде патот до нивниот гол, а потоа и до крајот да стравува дали ќе победи.
Категорија: Македонија 24.03.2023 00:22
Селекторот на Малта, Микеле Марколини е задоволен од играта и покрај поразот.
„Игравме против многу силна репрезентација, која имаше фудбалери кои прават разлика на теренот. Мечот беше тежок, а кога Чурлинов влезе тој се промени, но тоа е нормално. Јас сум горд на моите фудбалери, тие одиграа многу добар меч. За многу луѓе ние сме најлошата селекција во нашата група, понекогаш тие мислат дека против нас е многу лесно да се победи, но вечерва покажавме дека ако играме со срце, со вистински приод, тешко е да бидеме победени. Вечерва луѓето во Малта можат да бидат горди на нашите фудбалери“, изјави Марколини.