Селекторот на Македонија, Благоја Милевски е задоволен од играта против Малта, криво му е само што не била забележна поубедлива победа.
Категорија: Македонија 24.03.2023 00:13
Македонија ги почна квалификациите за ЕВРО 2024 со триумф над Малта, „црвено-жолтите“ подолго време се мачеа да го скршат отпорот на противникот, но на крајот славеа со 2-1.
Благоја Милевски е задоволен од трите освоени бода но жали што не е забележана поубедлива победа.
„Честитки за моите момци. И пред почетокот кажав дека овие натпревари како со Малта се најопасни, можевме да победиме поубедливо, штета што примивме таков несреќен гол. Најзадоволен сум од енергијата и карактерот кој го покажаа момците. Од собир во собир се создава таа хемија меѓу нив. Имаме доста нови и млади вклучено и потребно е време за да се направи таа хемија меѓу нив. Се повеќе и повќе наликуваме на тим кој го посакувам, сите како карактери се одлични момци. Задоволен сум од тоа што го одиграа момците и навистина ми е криво во завршницата што не победивме со поголема разлика“ - вели селекторот на Македонија.
Благоја Милевски не го дочека крајот на натпреварот откако доби црвен картон во финишот.
„Не ми е јасно зошто добив црвен картон, ми кажаа дека сум го напуштил моето место, но тоа е за жолт картон. Не сум приговорил ништо за да добијам црвен“ – додаде предводникот на „црвено-жолтитe“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.