24фудбал

Македонските надежи спуштени на земја, убедлив пораз од Летонија

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година доживеа убедлив пораз од 3-0 од селекцијата на Летонија во пријателски меч одигран на подготовките во Летонија.

Македонија

Младите фудбалери изминатите денови се расфрлаа со изјави дека имаме квалитет да одиме и на Европско, но денешниот натпревар против Летонија покажува дека сме многу далеку од таков успех.

Летонија поведе на крајот од првиот дел, безмалку од првата своја вистинска шанса откако загубивме топка во опасна зона на 40 метри, па на средина од вториот дел, повторно грешка на 35-40 метри за брз противатак и втор гол во нашата мрежа, за на крај Летонија да ни даде уште еден, после дегажман на голманот и заспаност на целата одбрана.

Македонија во сабота ја чека пресметка со Финска, а на 28 март и третиот дуел со домаќинот на следното Еуро 2025, Словачка.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.