24фудбал

Барса сардисана од сите страни, и УЕФА отвори истрага за случајот „Негреира“!

Европската куќа на фудбалот попладнево соопшти дека е отворена истрага против Барселона за случајот „Негреира“, клубот од Камп Ноу ризикува да биде исфрлен од Лигата на шампиони.

Шпанија

Случајот „Негреира“ стигна и до Нион, УЕФА попладнево во кратко соопштение информираше дека е отворена истрага против Барселона.

Инспектори за етика и дисциплина ќе ја чешлаат документацијата и ќе проверуваат дали „каталонците“ ја прекршиле правната рамна ка европската куќа на фудбалот.

Со ова се отвара простор Барселона да биде исфрлена од Лигата на шампионите, односно УЕФА има можност да го отстрани секој клуб кој на некој начин договорил или влијаел на резултатот на одреден натпревар.

Претходно обвинителството покрена пријава и судска постапка, зад која застанаа и Ла Лига и Фудбалската федерација на Шпанија.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.