24фудбал

Дибала си направил математика, останал покус за 50 милиони со преселбата во Рома па ќе го тужи Јувентус

Медиумите од Италија пренесуваат дека Пауло Дибала сака да го тужи Јувентус и да побара 50 милиони евра, односно разликата помеѓу договорот за кој си подал рака со „старата дама“ и оној кој го добил од Рома.

Италија

Пауло Дибала има нерасчистени сметки со Јувентус, „старата дама“ на играчот му должи нешто над 3 милиони евра како дел од договорот со кој играчите фиктивно се откажаа од четири плати во време на пандемијата со ковид-19.

Но медиумите од Италија сега пренесуваат дека Аргентинецот од Јувентус побарал многу поголема сума и се заканува со тужба.

Имено, Пауло Дибала сака да биде компензиран за разликата помеѓу договорот за кој си подал рака со „старата дама“ и оној кој го добил од Рома.

Пауло Дибала и Јувентус во финишот од 2021 година начелно договорија нова соработка, беше дефинирана должината на договорот, фиксната плата, бонусите, премиите... но само неколку месеци подоцна, „старата дама“ се пишмани, ја повлече понудата и го пушти фудбалерот беспари да замине.

Останува да се види дали има основа за ваква тужба или ова е само тактика на адвокатите да извлечат некој милион повеќе од Јувентус.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.