24фудбал

Рома платила повеќе од 100.000 евра за казни откако го назначи Мурињо за тренер

Тензијата меѓу Жозе Мурињо и судиите постојано расте, а поради тоа се празни клупската каса на Рома.

Италија

„Ла Република“ израчунала дека Рома платила повеќе од 100.000 евра за казни откако го именувала Жозе Мурињо за тренер летото 2021 година.

Однесувањето на Жозе Мурињо го следат и неговите фудбалери и помошници, па многу често некој е исклучен поради нефудбалски причини.

На римското дерби такво исклучување заработија помошникот Нуно Сантош и фудбалерот Брајан Кристанте. За тоа Рома ќе треба да плати речиси 27.000 евра.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.