24фудбал

Манчестер јунајтед најде начин како да ја намали цената на Кејн, нуди фудбалер во замена

Како што пренесува ЕСПН, Манчестер јунајтед на Тотнем му го понуди голманот Дин Хендерсон со цел да ја намали цената на Хари Кејн.

Англија

По уште една разочарувачка сезона без трофеј, иднината на Хари Кејн во Тотнем повторно е ставена под знак прашалник. Напаѓачот има договор до јуни 2024, па се почесто се шпекулира дека летоска тој ќе направи трансфер.

Манчестер јунајтед е еден од клубовите кои го меркаат напаѓачот и според пишувањата на ЕСПН, „ѓаволите“ ќе се обидат да вметнат фудбалер во зделката со цел да ја намалат цената на Хари Кејн.

Имено, Тотнем е во потрага на наследник на голманот Иго Лорис и на Олд Трафорд се свесени дека едно од имињата на листата со желби на „спарси“ е нивниот Дин Хендерсон, кој во моментов настапува на позајмица во Нотингем Форест.

Па Манчестер јунајтед е подготвен да го жртвува голманот со цел да дојде до потписот на Хари Кејн и да не мора да искешира 100 милиони фунти за услугите на голгетерот.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.