24фудбал

Мурињо има ултиматум до газдите на Рома

„Кориере дело Спорт“ пишува дека Жозе Мурињо сака што побрзо да се одржи состанокот со сопствениците на Рома на кој ќе биде решавана неговата иднина.

Италија

Актуелниот договор на Мурињо со Рома е до јуни 2024 година, но неговото име често се поврзува со други клубови како ПСЖ, Реал Мадрид, Челси...

Италијанскиот весник тврди дека Мурињо сака што побрзо да го реши прашањето за неговата иднина, а тоа ќе зависи од амбициите на Рома.

Тој сака да остане во римскиот клуб, но сака и клубот да покаже поголеми амбиции кога се во прашање трансферите.

Ултиматумот на Мурињо е три нови засилувања. Централен дефанзивец кој е способен и да почне акција, фудбалер од средниот ред и напаѓач на местото од Абрахам кој веројатно ќе си замине во летниот преоден рок.

Финансискиот фер плеј е проблем за Рома и поради тоа е нејасно дали клубот ќе успее да му ги исполни желбите на Португалецот.

Лани тие ги ангажираа Немања Матиќ, Пауло Дибала и Андреа Белоти како слободни фудбалери, го позајмија Џини Вајналдум. А нивното најскапо засилување беше Зеки Челик за кого му платија на Лил седум милиони евра.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.