24фудбал

„Исчезнатиот“ Деле Али се јави: Тука сум! (ФОТО)

Синоќа тренерот на Бешикташ, Шенол Гунеш рече дека му дале неколку слободни дена на Деле Али, но уште не бил вратен и не можеле да го добијат на телефон.

Англија

Турскиот стратег и се пошегува на сметка на Деле Али велејќи дека можеби врне, па затоа англискиот фудбалер се уште не е вратен.

Доцна синоќа преку стори на својот инстаграм профил се јави и Деле Али и објасни.

„Еј момци, добив многу пораки па сакам да разјаснам нешто. Клубот ми даде дозвола да се појавам на лекар денеска. Се враќам на тренинг утре“, напиша Деле Али.



Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.