ФА покрена постапка против Александар Митровиќ за црвениот картон против Манчестер јунајтед и порача дека стандардната казна не може да важи за овој инцидент, се шпекулира дека Србинот може да добие суспензија и од ДЕСЕТ натпревари.
Категорија: Англија 21.03.2023 11:34
На натпреварот помеѓу Манчестер јунајтед и Фулам во ФА Купот имаше луди 60 секунди во кои црвени картони добија Вилијан, Александар Митровиќ и тренерот Марко Силва.
Се очекува најлошо да помине Србинот, кој го турна судијата и му се дереше в лице. Фудбалската Асоцијација веќе порача дека стандарната казна од три натпревари не може да важи за овој сериозен инцидент.
Фудбалските експерти и критичари како и поранешни судии велат дека однесувањето на Србинот е неприфатливо и очекуваат од напаѓачот да се направи пример за во иднина да не се повторат истите сцени.
Се шпекулира дека Александар Митровиќ би можел да биде суспендиран до крајот на сезоната, односно да добие суспензија од дури ДЕСЕТ натпревари.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.