Новиот сопственик на Челси, Тод Боли продолжува со промените на Стемфорд Бриџ, последните информации велат дека отказ добил Џејсон Грифин, главниот човек за одржување на терените кој е дел од клубот преку 30 години.
Категорија: Англија 21.03.2023 10:19
Откако Тод Боли го превзеде Челси, бизнисменот од САД покажа колку е суров бизнисот и почна да дели откази на луѓе кои долги години беа дел од клубот. Беа направени промени во лекарскиот персонал, тренерскиот персонал, луѓето задолжени за ангажирање на нови фудбалери и во многу други департмани.
Последните информации велат дека отказ добил и главниот за одржување на терените. Станува збор за Џејсон Грифин, кој е дел од Челси преку 30 години а во 2003 станува прв човек на тимот задолжен за одржување на терените и раководи со десетина луѓе.
Тој се грижеше теренот на Стемфорд Бриџ, терените во тренинг центарот Кобам и Кингсмедоу (каде игра женскиот тим и младинците) да бидат во топ форма. Заедно со Џејсон Грифон отказ добил и неговиот син Рис Грифин, кој исто така десетина години е дел од клубот и му бил помошник на неговиот татко.
Од Челси одбиваат да образложат зошто е повлечен ваков потег, а дел од навивачите се разочарани што отказ добиваат луѓе кои имаат долгогодишна историја со клубот.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.