24фудбал

Не му е лесно: Меси излезе на вечера во Буенос Аирес - илијадници Аргентинци се собраа! (ВИДЕО)

Откако им го донесе трофејот од Светското првенство, Лео Меси е новиот Бог во Аргентина, човекот не може на раат да се движи во својата земја, бидејќи неговите сонародници лудуваат по него.

Јужна Америка

Меси синоќа се упати во ресторанот Дон Хулио во Буенос Аирес, а не требаше многу илијадници навивачи да се соберат пред ресторанот. Сите сакаа да го видат Аргентинецот и оние кои се во ресторанот и вработените, келнерите, готвачите... настана општ хаос.

На Меси не му беше лесно, но цело време со насмевка се справуваше со ситуацијата. На крајот благодарение на обезбедувањето кое доби засилување и од полицијата некако успеа да влезе во автомобилот и да си замине.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.