24фудбал

Анчелоти: Се сомневаме дека тоа беше офсајд! (ФОТО)

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти изрази сомнеж за одлуката за ВАР кој го поништи голот на Асенсио на десетина минути до крајот на мечот.

Шпанија

Реал Мадрид синоќа загуби од Барселона со 2-1 и ги загуби шансите за одбрана на титулата во Ла Лига. Разликата е 12 бода кои реално се недостижни.

Реал Мадрид поведе со 1-0, Барселона израмни пред крајот на првото полувреме. Кралскиот клуб даде уште еден гол преку Асенсио, но им беше поништен поради милиметарски офсајд. На крајот Барса даде гол и победи.

„Одигравме комплетен меч, од првата до последната минута и заслуживме да победиме“, вели Анчелоти.

„Не победивме поради тоа што беше досуден офсајд за кој имаме сомнеж. Одиме во Мадрид сомневајќи се во исправноста на одлуката. На Светското првенство многу појасно беше кога е офсајд, тука не е“.



Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.