24фудбал

Лацио и Рома имале и трето полувреме, Лотито и Мурињо влегле во жесток дуел!

Многу тензија имаше на римското дерби кое го доби Лацио со 1-0, а Рома играше еден час со фудбалер помалку поради втор жолт картон на Ибањез.

Италија

Во текот на мечот по еден член од стручниот штаб беше исклучен, а црвени се делеа и по натпреварот.

Но, според „Газета“ дербито имало и трето полувреме, тензијата продолжила во подтрибинскиот простор.

Се почнало кога Алесио Ромањоли славел пред соблекувалната на Рома и предизвикал реакција на Џанлука Манчини. Двајцата влегле во дуел, Лотито се обидел да ги раздели, а тука влегол и Мурињо кој не беше на клупата поради суспензија.

„Што гледаш?“ - му рекол Мурињо на Лотито, а претседателот на Лацио му вратил: „Кој си ти? Ова е мојот дом и ти не треба да бидеш тука!“.

Директорот на Рома, Тиаго Пинто интервенирал и ги разделил. А имале дуел и Луис Алберто со асистентот на Мурињо, Салваторе Фоти.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.