24фудбал

Барса го победи Реал и му избега на +12, титулата е речиси сигурна! (ВИДЕО)

Со гол на Кеси во судиското продолжение Барселона со 2-1 го победи Реал Мадрид и го затвори прашањето за титулата, 12 бода разлика на 12 кола до крајот се премногу.

Шпанија

Реал Мадрид одлично го почна мечот, дојде во водство уште во деветтата минута со автогол на Араухо.

Кралскиот клуб предноста ја држеше до 45. минута кога Серхи Роберто го изедначи резултатот на 1-1. 

Во 81. минута Реал Мадрид даде нов гол, Асенсио погоди, но ВАР му го поништи голот поради мал офсајд.

Течеше втората минута од судиското продолжение кога по асистенција од Балде, Кеси даде гол за победа на Барселона од 2-1.

По 26 одиграни кола Барселона е прва со 68 бодови, Реал Мадрид има 56. Предност за Барса во оваа трка е и фактот што не игра веќе во Европа, па може комплетно да се фокусира на Ла Лига.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.