Манчестер јунајтед со 3-1 го победи Фулам и се пласираше во полуфиналето од ФА Купот, гостите може да жалат што не го изненадија фаворитот.
Категорија: Англија 19.03.2023 20:31
По пет минути игра во второто полувреме Митровиќ донесе водство за Фулам од 1-0.
Во 70. минута беше досуден пенал за Манчестер јунајтед. Ситуацијата се гледаше со ВАР, судијата покажа на белата точка и му даде црвен картон на Вилијан.
На одлуката реагираше тренерот Силва кој исто така доби црвен, но тоа не беше се, Митровиќ имаше физички контакт со судијата, па и на него му беше покажан црвен картон.
Бруно Фернандеш го реализираше пеналот и израмни на 1-1. Две минути подоцна Сабицер погоди за комплетен пресврт и водство на Јунајтед од 2-1.
Конечните 3-1 ги постави Бруно Фернандеш со својот втор гол на мечот, овојпат постигнат длабоко во судиското продолжение.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.