24фудбал

Лацио го доби големото римско дерби, Рома цел час играше со фудбалер помалку (ВИДЕО)

Лацио со 1-0 победи во градското дерби против Рома и се качи на втората позиција на табелата во Серија А каде ќе остане ако Интер не го добие дербито на Италија против Јувентус.

Италија

Клучниот момент на мечот се случи во 32. минута кога Роџер Ибањез заработи втор жолт картон и Рома остана со фудбалер помалку.

По црвениот картон, особено во второто полувреме Рома целосно се повлече, а Лацио бараше дупки во одбраната за да даде гол.

Тоа се случи во 65. минута кога Закањи постигна гол за водство на Лацио од 1-0 што беше и конечен резултат.

Три минути подоцна Рома даде гол, но беше поништен поради офсајд во кој беше Смолинг.

Ова беше важна победа за Лацио во борбата за местата кои водат во Лигата на шампионите против градскиот ривал и директен конкурент.

Голот можете да го видите на овој ЛИНК.



Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.